Почитувани, согласно новите мерки, сакаме да Ве известиме дека сите спортски објекти ќе бидат затворени од 06.04.2021 година. 

Sportmaster претплатите ќе бидат паузирани се додека не се донесат нови одлуки за отварање на спортските објекти, и истите продолжени за толку денови колку што имало забрана за користење.

Во меѓувреме, не се лишите од физичка активност, jадете избалансирана и здрава храна и внесувајте витамини и минерали во Вашето тело. Ова може само да го зајакне Вашиот имунитет и да ја зголеми отпорноста од вируси и инфекции.

Грижете се за себе и за другите!

Ве потсетуваме на препораките од Светската Здраствена Организација, како да се заштитите од вирусот Ковид-19:

  • Мијте ги рацете редовно, сапунот или гелот за раце можат да го убијат вирусот
  • Избегнувајте допирање на очите, носот и устата 
  • Избегнувајте ракување и прегрнување
  • Не се приближувајте до луѓе кои кашлаат, киваат или имаат температура
  • Пијте повеќе вода и топли напитоци

Останете здрави!