
Потребни состојки:
3 чаши вишни
3 лажички сок од лимон
6 лажички агаве сируп
6 лажички чиа семе
Подготовка:
Ставете ги вишните во тенџере и варете ги околу 15 минути. Потоа додадете го сокот од лимон и сирупот од агаве и варете уште 7-10 минути.
Кога џемот ќе се олади, ставете го во блендер и блендирајте го неколку минути. Потоа додадете го чиа семето и добро измешајте. Оставете го чемот да се згусне околу 15 минути.
Ако не сте задоволни од добиената густина, додадете уште една лажичка чиа семе.