Дојде и тој ден. Конечно се враќаме во сала!

Ве известуваме дека сите спортски објекти отвараат во среда, 12.05.2021 година.

Сите кои имале активни претплати за месец април ќе може да ги користат своите картички или апликација за влез во сите спортски објекти од среда 12.05.2021 до сабота 05.06.2021.

Доколку не сте имале активна претплата за месец април или сте нов корисник, можете да го активирате Вашето челнство и да го искористите остатокот од месец мај за спорт и рекреација.

На влезовите на спортските објекти се поставени средства за дезинфекција, салите ќе бидат проветрувани после секој одржан тренинг, вработените и тренерите во секое време ќе носат заштитна опрема, а бројот на корисници на салата ќе биде ограничен.

спорт

Ве известуваме дека сите наши партнери спроведоа целосна дезинфекција на спортските објекти согласно препораките и протоколите на Владата.

Општи препораки при посета на некој спортски објект

  • Проверете дали е потребно закажување на термин за влез во објектот. Најдобро е да се јавите во објектот за да ве информираат 
  • Доколку чувствувате некои од симтомите на Ковид 19, Ве молиме да не ги посетувате спортските објекти
  • Внимавајте на растојанието, секогаш бидете на 2 метри одалеченост од другите луѓе во салата
  • За време на вежбањето не го допирајте лицето со раце
  • Користете свој пешкир 
  • Измијте ги рацете пред и после тренинг. Најдобро е секогаш да носите и средство за дезинфекција во Вашата спортска торба
  • По тренингот (по миење на рацете) потрудете се да не ги допирате кваките од просториите додека излегувате од спортскиот објект
  • Ако припаѓате на ризична група, најдобро е да се консултирате со Вашиот лекар пред да посетите некој спортски објект

Се гледаме во сала!