Колку вода треба да испијам во текот на денот?
Внесот на вода зависи од тоа каде живеете, климатските услови, сезоната, телесната тежина, здравјето и од тоа колку сте активни.
Препораките за дневно внесување на течности (вклучувајќи вода, како и други течности) се 3 литри за мажи и 2,2 литри за жени.

Доколку сте повеќе физички активни, престојувате на повисоки температури, во влажна и топла средина потребно е да пиете дополнителни количини вода.
Исто така внесот на вода треба да се зголеми за време на бременост и лактација, како и во некои здравствени состојби (треска, дијареја, повраќање).
Започнете го денот со утринска чаша вода (2 dcl). Чаша млака вода наутро го стимулира варењето, го забрзува метаболизмот и Ви помага побрзо да се расоните.

Зошто е важно да пиеме доволно вода во текот на денот?
Водата му помага на телото да оддржува нормална телесна температура. Без вода не се потиме, а без потење нема ладење на организмот.
Водата помага во исфрлање на токсините од организмот. Колку повеќе вода пиеме толку повеќе токсини ифрламе од нашето тело.
Водата ја оддржува еластичноста на кожата. Недоволно внесување на вода во организмот ја суши нашата кожа а со тоа таа станува помалце еластична и многу побрзо старее.
Водата ги максимизира физичките перформанси и работата на мозокот. Дури и слаба дехидрираност може да влијае на работата на мозокот и да доведе до лошо расположение и главоболка.
Водата помага во регулирање на телесната тежина. Водата може да ни даде чувство на ситост и да го забрза нашиот метаболизам.