Како да изгубам 10 килограми до лето? Ова е најчестото прашање со кое се соочуваат тренерите во овој период од годината. Затоа поразговаравме со професионални тренери и нутриционисти кои ни кажаа неколку трикови за супер форма до лето.

Започнете со позитивни мисли и мали промени во животот.

Заборавете на ригорозните диети и претераните ограничувања во исхраната. Животните промени се долготрајни и имаат долгорочен ефект врз Вашето тело и начин на живот. Овие пет совети се добар почеток во процесот на постигнување на посакуваната цел.

Поставете си реални цели.

Започнете со поставување разумни цели што можете да ги постигнете. Не сонувајте да изгубите 20 килограми за еден месец или да имате тело на супермодел. Концентрирајте се на позитивните и реалните промени што ќе Ви донесат вистински ефекти и мотивација, и ќе Ве охрабрат да продолжите со вежбањето и после летото.

Вежбајте.

Почнете да вежбате поактивно. Ако досега сте имале ретки и нередовни тренинзи, испланирајте си го времето и почнете да вежбате три до четири пати во неделата. Вметнете нови видови тренинзи и испробајте нешто ново. Вежбањето треба да биде забавно за Вас, затоа изберете активности што Ве прават среќни. Пливање, танцување, тенис се супер активности што го поттикнуваат Вашиот метаболизам и согоруваат калории, па нека бидат дел од Вашиот неделе распоред. Се разбира, не го прескокнувајте кардио тренингот. Направете комбинацијата на неколку различни активности кои ќе Ви дадат најдобри резултати во процесот на губење на тежината.

Јадете паметно.

Заборавете на ригорозните диети, само треба да јадете правилото и да внесувате доволно здрави намирници. Направете промени во Вашето секојдневно мени. Намалете со брзата и масна храна, избегнувајте сокови и производи богати со шеќер, а зголемете ја количината на свежо овошје и зеленчук. Нека Вашите оброци содржат што е можно повеќе витамини и минерали, а што помалку калории. Само така ќе имате здрав, оптимален и комплетен оброк, кој ќе Ви помогне да ја постигнете Вашата цел, да ги намалите килограмите и да создадете долготрајни здрави навики.

Пијте повеќе вода.

Водата мора да стане Вашиот најдобар пријател. Пијте вода пред тренингот, за време на тренингот и после тренингот. Бидете сигурни дека на Ваште тело не му недостасува вода, и немојте да дозволите да дехидрирате. Носете шише вода со Вас што постојано ќе Ве потсетува колку е важно да пиете доволно вода. Водата во Вашето тело е многу важна и за Вашите бубрези. Водата им помага на бубрезите да ги исфрлат токсините од Вашето тело.

Доволно одмор.

Одморот и здравиот сон се многу важни. Спијте помеѓу 7 до 8 часа во текот на ноќта, Мирниот сон го намалува стресот, го полни телото со енергија. Овие совети не се важни само за губење на тежината и обликување на телото, туку и за подобрување на Вашето здравје, намалување на стресниот начин на живот и само-балансирање на умот и телото.

Среќно во исполнувањето на Вашите цели и уживајте во претстојното лето!