Потребни состојки:

800мл незасладено млеко од кокос

3 лажици путер од индиски ореви

1 помало авокадо

3 лажици агаве сируп

2 лажици кокосов шеќер

2 лажици екстракт од ванила

1 лажица маслиново масло

Подготовка:

Додадете ги сите состојки за сладоледот во блендер и блендирајте додека смесата не стане кремаста и мазна.

Истурете ја добиената мешавина во претходно замрзнат сад и ставете ја во замрзнувач да се зацврсти околу 3 часа.

Пред да го консумирате, извадете го сладоледот од замрзнувачот и оставете го на собна температура околу 45 минути пред да го сервирате.

Декорирајте го добиениот сладолед со неколку малини и свежи листови од нане.