Зборот јога потекнува од санскритскиот збор yuj или yuk, што значи обединување или единство. Од тука пак потекнува и самата цел на јогата, единство на телото, срцето и умот, или хармонија на физичките постапки, емоции и мисли.

Научно е докажано дека јогата позитивно влијае на целото тело и на нашето психофизичко здравје.

Стресот, напнатоста и константното брзање некаде се главните фактори и причини за заболувања во последната деценија, а јогата е сеопфатен начин за намалување на влијанието на овие фактори и подобрување на целокупното здравје со охрабрување на телото да се бори само против негативната енергија и стресот дома, на работа, во секојдневни ситуации и во контакт со луѓето околу Вас.

Придобивките и бенефициите од вежбањето јога се многубројни, но прочитајте за дел од нив:

1. Јогата ослободува од стрес

Преку потењето, зголемената концентрација и правилното дишење ќе ги разбистрите Вашите мисли и ќе се наполните со позитивна енергија. Со редовно вежбање јога, акумулираната негативна и пасивна енергија ја трансформираме во позитивна и активна. Менталниот умор се појавува како последица на стресот, па затоа потребно е секојдневно да работиме на трансформација на нашата енергија.

2. Јогата го подобрува сонот

Јогата Ве смирува, ги опушта Вашите нерви, па со самото тоа ќе имате подобар и помирен сон. Половина до еден час јога пред спиење е идеално за оние луѓе кои имаат проблеми со несоницата.

3. Јогата ги опушта стегнатите мускули и ја зголемува Вашата флексибилност

Јогата е идеална за оние луѓе кои поголемиот дел од денот го поминуваат во седечка позиција и се “врзани” за работното столче. Со правилни вежби Вашите мускули ќе се опуштат и ќе се наполнат со нова енергија.

4. Јогата ја забрзува циркулацијата на крвта

Јогата помага да се воспостави добра циркулација на крв во целото тело, и да се избегне создравање на крвни грутки.

5. Јогата го зајакнува имунитетот

Кога ги стегате и растегнувате мускулите и менувате позици додека вежбате, ја зголемувате дренажата на лимфа. Дренажата пак му помага на лимфниот систем при инфекции, ги уништува клетките на рак и ги елиминира токсичните материи од телото.

Вашето тело е Вашиот најдобар пријател, затоа не заборавајте да се грижите за него.