Имунитет. Способност на организмот да се одбрани од разни болести, инфекции и зарази.

Иако секој од нас има одреден имунитет, појак или послаб, важно е додатно да го зајакнеме и повремено да го активираме.

Со помош на одредени здрави намирници кои содржат голема количина на витамини и минерали можеме лесно да го зајакнеме нашиот имунитет. Витаминот Ц и Е, селенот и цинкот, коензимот Q10, бета-глуканот се само дел од пријателите на нашиот имунитет.

Витаминот Ц е силен антиоксидант кој произведува колаген во нашето тело. Тој ни овозможува подобра апсорпција на железото и е многу важен за зголемување на отпорноста на организмот кон инфекции.

Селенот е есенцијален минерал за зајакнување на имунитетот. Човечкото тело само по себе не произведува селен, па затоа мора да го внесуваме преку правилна исхрана. Јадете повеќе риба, мориски подови, јајца и бразилски ореви.

Коензимот Q10 е силен антиоксиданс а негова главна улога е да произведува енергија во секоја клетка на нашето тело. Коензимот Q10 помага во подобрување на циркулацијата, го стимулира имунолошкиот систем и има големо влијание во борбата против стареењето.

Бета глуканот се смета за најмоќен природен активатор и стимуланс на имунолошкиот систем. Тој може да ја зголеми ефикасноста на имунитетот до неколку пати. Житарките, печурките, и некои алги се само дел од намирници преку кои можеме да внесеме бета глукан во нашето тело.

Нашите црева не служат само за варење на храната која ја внесуваме. Тие се едни од најважните одбранбени органи кои го зајакнуваат нашиот имунитет. Добрите бактерии или пробиотиците во цревата го штитат нашето тело од штетни типови бактерии и вируси. Затоа е многу важно за да ја оддржуваме микрофлората на цревата за превентивни ефекти врз здравјето на нашето тело. Најпознатите извори на пробиотични бактерии или пробиотици се ферментирани млечни производи како што се јогуртот и кефирот.

Спијте најмалку 7 часа. Покрај тоа што добриот сон ни помага да ја одржиме концентрацијата во текот на денот, за време на спиењето, се надополнуваат белите крвни клетки кои ни се неопходни и се обновува виталноста на целотот тело. Недостаток на сон и одмор предизвикува дополнителен стрес на нашето тело, што го спречува ефикасното функционирање на имунолошкиот систем. На овој начин, нашето тело е изложено и незаштитено од негативни надворешни влијанија и можни болести.

За крај, не заборавајте да пиете доволно вода и топли напитоци. Чувајте го Вашето тело и останете здрави!