Велат “По утрото денот се познава” но ретко кој од нас е свесен колку оваа реченица е вистинита. Ако утрото го започнете со нездрави навики, нездрава храна и стрес, многу е веројатно дека ќе имате лош ден.

Дишете

Наутро, кога ќе се разбудите, отворете ги сите прозорци, свежиот и чист воздух е одличен старт на денот. Свежиот воздух го разбиструва мозокот, Ве расонува, и Ве полни со енергија. Ако го започнете денот со позитивна енергија, во текот на денот ќе бидете поотпорни на негативните вибрации кои сигурно Ве очекуваат.

Растегнете се

Нагли и брзи движења веднаш по станување од кревет може да Ви зададат болки бидејќи Вашето телото е потполно опуштено. Затоа Ви препорачуваме да направите неколку вежби за растегнување. Растегнете ги рацете и нозете и направете неколку вежби за вратот и ‘рбетот.

Топло-ладен туш

Наизменично туширање со топла и ладна вода ќе ја подобри Вашата циркулација, ќе Ве разбуди и ќе Ве наполни со енергија. По туширањето нанесете хидрататна и хранлива крема за тело. Така Вашето тело ќе биде спремно за новиот ден.

Појадувајте пред првото кафе

Можеби шоља кафе и цигара е Вашиот утрински ритуал, но не правете го тоа на празен стомак. На сите ни е познато колку е важен доручекот и дека без него не треба да го започнуваме денот. Доручкувајте на мира и без брзање. Совет плус, интегрални житарки со јогурт и овошје се одличен извор на енергија.

Тренирајте

Можеби една од најважните секојдневни навики е спортувањето. Половина или еден час тренинг не само што позитивно влијае на Вашето здравје и витка линија, туку и на зголемено лачење на хормонот на среќата. Одберете што сакате да спортувате денес и наполнете се со позитивна енергија.

Се разбира, потребно е време за да создадете нови навики, но немојте да се откажувате. Тоа се навики кои ќе го променат Вашиот живот, ќе бидете порасположени, поодморени и најважното од се поздрави.

Направете промена во Вашиот живот и создадете си здрави навики кои ќе го променат и подобрат Вашиот живот.