Ако прашате експерти за спортска медицина, ќе Ви одговори дека е подобро е да не вежбате и да се оптоварувате физички додека сте болни.

Одморот ќе му овозможи на Вашето тело да заздрави побрзо и ќе Ви помогне побрзо да се вратите на секојдневните обврски.

Вежбањето додека сте болни може дополнително да го ослаби Вашето тело. Покрај тоа, постои можност симптомите да се влошат или да се појават компликации. Секако, тука е и опасноста додека вежбате болни да ги заразите луѓето кои вежбаат заедно со Вас во салата.

Според други експерти, лесен начин да откриете колку сте болни и дали можете да вежбате е да направите проценка на Вашите симптоми.

Најчесто, ако симптомите се главно над вратот, како што се болки во грлото или течење на носот, можете да вежбате, но без многу напор.

Но, ако имате и симптоми под вратот како што е отежнато дишење, болки во мускулите, дијареа, најдобро е да не вежбате и неколку дена да земете одмор. Исто така, вежбањето додека имате треска, вртоглавица или гадење не е добра идеја.

Ако мислите дека можете да вежбате и покрај Вашите симптоми, намалете го интензитетот на вежбите и правете повеќе паузи. Ако претерано се заморите, или почнете тешко да дишете, седнете, земете здив, одморете се и не продолжувајте со вежбањето.

Дополнително, не заборавајте да останете доволно хидрирани.

За крај, секогаш слушајте ги препораките на Вашиот лекар и она што Вашето тело се обидува да Ви го каже.