Ако побарате мислење од седум различни луѓе за најдобри вежби за раце, најверојатно ќе добиете седум различни одговори.
Вежба која поттикнуава раст на мускулите кај една личност може да не функционира исто кај друга личност. Ова е всушност една од причините зошто толку многу се потенцира на различни вежби, серии, повторувања…
Дали овие вежби се навистина најдобри за Вашите раце? Па, според многу персонални тренери, ова се најдобрите вежби. Ако се прашувате зошто се толку сигурни, одговорот лежи во нивното долгогодишно искуството.
Тренерите тврдат дека овие седум вежби се покажале како најефикасни и им помогнале на нивните клиенти за најбрзо време да направат правилно издефинирани раце.
Бицепс на коса клупа
Како што можете да претпоставите, овие вежби се изведуваат на коса клупа. Наместете ја клупата на 35,40 степени максимално, за најдобро да ја погодите главата на бицепсите.
Стоечки бицепс со шипка

Стандардна вежба за бицепс со шипка е најдобра вежба за оние луѓе кои сакаат да добијат малку на масата во рацете. Оваа вежба секогаш дава сериозно добри резултати. Ако веќе подолго време ја правите оваа вежба, секогаш можете да ја менувате тежината, да ги ширите и стеснувате раментата или да ја правите оваа вежба во седечка позиција.
Концентрационен бицепс
Кога оваа вежба се прави бавно, без употреба на „спринтови“ Вашите бицепси не можат да сторат ништо друго освен да растат. Менувајте ја раката на секоја серија и гледајте како Вашите мускули растат.
Дијамант склек
Ако правите обични склекови, ќе го вежбате торзото, градите, трицепсот… Но, ако сакате да пренесете поголемо оптоварување само на трицепсот, направете дијамант склекови. Верувајте ни дека нема да погрешите.

Напор над челото
Се додека сте внимателни со тежината што ја користите во оваа вежба или имате тренер кој ќе Ве следи, оваа вежба е безбедна за Вас, но дефинитивно не и за Вашите трицепси. Секое повторување ќе Ве погоди таму каде што најмногу треба, па затоа и за време на самиот тренинг ќе почувствувате голем напредок. Не заборавајте, бидете внимателни со оваа вежба а доколку сте почетник, можете да ја прескокнете.
Пропаѓања
Вежбата трицепс пропаѓање бара минимална опрема. Доволно Ви е столче, клупа или потпрете се на некое ѕидче, доколку вежбате некаде надвор. За возврат оваа вежба Ви нуди никогаш поголеми и по издефиниран трицепс.
Ментална сила
Добро, добро, ова не е конкретна вежба за раце, но нивото на концентрација за време на вежбањето директно влијае на Вашите резултати. Колку е поголем фокусот, толку се поголеми Вашите раце. Способноста да се натерате самите себе да направите уште една или две серии ќе направи разлика помеѓу извајани и рамни раце.