Сите ние се обидуваме да живееме здраво и колку што е можно поредовно да тренираме. Но понекогаш во целиот тој процес, ние сме си всушност нашиот најголем непријател.

Не грижете се, тоа е нормално, бидејќи повеќето од нас не се професионални тренери или спортисти, туку само обични луѓе кои сакаат да изгледаат и чуствуваат добро.

Тренерите ширум светот се согласија дека овие три грешки се најчестите грешки кои ги правиме па затоа прочитајте за што се работи и обидете се никогаш повеќе да не ги направите.

Претерување со вежбање и менување исхрана

Една од најчестите грешки е нагла промена на навиките. Вежбањето и здравата исхрана се пријатели на битката линија, но во ништо не треба да се претерува. Не претерувајте со вежбање уште на почетокот, и не правете нагли промени во Вашиот нашин на исхрана, само бидете упорни и резултатите ќе бидат видливи со текот на времето.

Нетрпеливост

Не можете да ги изгубите вишокот килограми и да имате витка линија преку ноќ.
Немојте да се откажувате и не бидете нетрпеливи. Дури и ако во првиот месец го достигнете саканиот резултат, немојте да се откажете од вежбањето и здравите навики, за да не се вратите на “старо” Бидете трпеливи и створете си нови и здрави навики!

Повторување

Со често повторување на една вежба, која на почетокот Ви изгледала претешка ќе станете ментално и физички посилни, и без проблем ќе ја совладате. Немојте да се откажувате, најтешката вежба повторете ја уште еднаш!