Потребни состојки:
200гр брашно од спелта
200гр овесни снегулки
50гр кокосов шеќер
1 чаша пире од слатка тиква
1 чаша изрендана јаболка
80мл бадемово млеко
3 лажици растопено кокосово масло
1 лажичка цимет
2 лажици сок од лимон
Половина лажичка сода бикарбона
Прстофат сол

Подготовка:
Најпрво загрејте ја рерната на 180 °C,.
Во поголем сад истурете го брашното, овесните снегулки, кокосовиот шеќер, циметот, содата бикарбона, и солта и измешајте за да се соединат состојките.
Во садот додадете го бадемовото млеко, растопеното кокосово масло, сокот од лимон, пирето од тиква и изренданата јаболка.
Мешајте додека состојките не се соединат.
Добиената смеса рамномерно распоредете ја во калапот за мафини.
Печете ги мафините во рерна 20-25 минути.