Зошто на најдобрите светски компании приоритет им е здравјето на вработените?

Полека но сигурно, грижата за здравјето на вработените станува дел од корпоративната култура.

Дали навистина треба да се грижите дали Вашите вработени се здрави и среќни?

Апсолутно!

Сега ќе Ви кажеме и зошто.

Здравите вработени се повеќе мотивирани за работа

75% од компаниите велат дека спортските и велнес бенефиции влијаат на расположението а со тоа и на мотивираноста на вработените.

62% од вработени велат дека би одбрале некаков тип на бенефиција отколку покачување на плата.

Сето ова е многу важно затоа што мотивираните вработени се за 20% попродуктивни од оние кои не се мотивирани.

Кога сме веќе кај продуктивноста…

Според најновото истражување спроведено на 29.000 учесници во 15 земји, компаниите кои го промовираат спортот и здравиот начин на живот исто така ја зголемуваат продуктивноста, креативноста и иновативноста на своите вработени.

73% од работодавците се изјасниле дека овој тип на бенефиции има позитивно влијание на продуктивноста на вработените.

Здравата работна средина ги намалува вашите расходи

Последните официјални податоци покажуваат дека во 2018 година речиси 27 милиони работни денови се изгубени поради здравствените состојби на вработените, а 1,4 милиони луѓе страдале од болести поврзани со работата. Истражувањето покажува дека просечната стапка на отсуства е 5,9 дена по вработен годишно.

Исто така, истражувања покажуваат дека околу 30% од годишната плата на еден вработен чини да се замени истиот, а кога станува збор за замена на секториски директор, овој процент се зголемува до 200%.  

Добрата вест е дека 60% од работодавците велат дека бенефициите за спорт и рекреација имаат позитивно влијание врз задржување на вработените.

И уште една добра вест, 80% од вработените повеќе сакаат да останат во компанија кој им овозможува вакви бенефиции отколку да ја напуштат работата за малку повисока месечна плата.

Трошоци за кои ретко се зборува

Секоја година, компаниите се во загуба од 400 до 2000 евра по вработени поради болест и отсуство од работа.

Здравите вработени скоро и воопшто да не се отсутни од работа, не зимајќи го во предвид годишниот одмор.

Стрес, стрес, стрес…

Неодамнешните студии покажуваат дека главните ризици за здравјето на вработените најчесто се од психолошки карактер. Имено, лошото ментално здравје и стресот се првите две причини за долгорочно боледување.

Вработените кои се под постојан стрес, годишно отсуствуваат 3 до 4 дена повеќе од оние кои не чуствуваат стрес на работното место.

Кога сме кај стресот, 20% од вработените имаат ризик од “burnout” во било кое време.

Но, имаме и добри вести…вежбањето го намалува стресот и депресијата кај 65% од луѓето.

Додека вежбаме, ја стимулираме работата на срцето, што ја забрзува активноста на мозокот и лачењето на неврохормоните.

Редовната физичка активност го зголемува нивото на допамин и серотонин во мозокот, кои ни даваат чувство на задоволство, но влијаат и на нашето расположение и зголемување на енергијата.

Истражувањата од Харвард покажуваат дека за секое 1 евро кое компанијата ќе го потроши на здравјето на вработените, на компанијата ќе и се вратат 6 евра, заради сите причини кои ги набројавме погоре.

75% од компаниите кои имаат спортско – рекреативни бенефиции за своите вработени велат дека расходите им се намалени.

Светската здравствена организација смета дека работното место е едно од клучни извори за промоција на здравјето во 21 век, бидејќи нуди многу можности и обезбедува инфраструктура потребна за зачувување и подобрување на здравјето на голем дел од населението.

Бидете компанија за пример, бидете компанија во која сите ќе сакаат да работат!