Дали имате сопствена рутина за вежбање? Колку сте посветени на неа? Доколку не сте, Ви препорачуваме секојдневната прошетка да ја ставите во Вашиот распоред затоа што 30-минутната прошетка може да обезбеди бројни придобивки за Вашето здравје.


Без оглед на тоа дали сте нови во пешачењето или веќе имате искуство со тоа, во текстот подолу можете да прочитате за најважните придобивки од оваа активност:

1. Го подобрува расположението

Понекогаш е потребно само малку прошетка на свеж воздух, за да се чувствувате подобро. Неодамнешните студии покажаа дека редовната, секојдневна прошетка може да го подобри Вашето расположение, дури и кога Ве очекуваат тешки деловни и приватни предизвици. На овој начин, значително ја намалувате депресијата и потребата за лекови.

2. Ја зголемува коскената густина

Како што стареете, густината на коските се намалува, а секоја повреда потоа станува се посериозна за Вашето здравје. За да се спротивставите на стареењето, истражувањата покажаа дека пешачењето може да ја подобри коскената густина и да го спречи губењето на коскената маса, која често се поврзува со остеопорозата. Покрај тоа, 30-минутна дневна прошетка може да ја зголеми мобилноста на колковите и другите витални делови од телото.

3. Го намалува крвниот притисок

Пешачењето има позитивни ефекти врз здравјето на Вашиоткардиоваскуларен систем. Постојаните рутински активности можат да помогнат во намалување на крвниот притисок и спречување на срцевите заболувања. Дури и ако веќе имате одредени проблеми со срцето, пешачењето може значително да ги намали и олесни.

4. Го забрзува метаболизмот

Забавениот метаболизам е во повеќето случаи лош за Вашето здравје. Некој е среќен за генетиката и нема проблеми со овој процес. За да го промените ова во Ваша корист, вклучете прошетка во Вашата секојдневна рутина.

5. Помага во заздравување на мали или големи повреди

Дури и ако сте активни, односно немате проблем со изведување активност со висок интензитет, на Вашето тело во одреден момент му треба време за одмор и заздравување. Пешачењето е активност со умерен интензитет која ја подобрува циркулацијата и го зголемува бројот на отчукувања на Вашето срцето, па затоа оваа активност е идеална за закрепнување, а исто така помага во намалување на болката во зглобовите, грбот и мускулите.