Малкумина можат да се пофалат со голема желба за рано станување. Ако Вашата утринска рутина подразбира копче за одложување на алармот и криење под ќебе, продолжете да читате.

“Одење рано во кревет и раното станување го прави човекот здрав, богат и мудар“ – Бенџамин Френклин

Луѓето кои имаат навика да стануваат порано имаат тенденција да бидат посреќни и, секако поздрави од оние кои не се љубители на станување рано.

Факт е дека раното станување носи бројни придобивки, a за дел од нив прочитајте подолу.

Ќе бидете повеќе посветеност на вежбањето

Колку порано станете, толку е поголема веројатноста дека ќе бидете активни во текот на денот. “Денските птици” се поактивни затоа што имаат повеќе време за различни активности, додека “ноќните бувови” знаат да пронајдат изговори за прескокнување на тренингот.

Ќе се храните многу поздраво

Логиката е следна: Колку подолго ќе останете во кревет, толку помалку време ќе имате да направите хранлив појадок. Затоа станете порано, направете си здрав и хранлив појадок и започнете го денот.

Ќе бидете многу попродуктивни

Утрото е дефинитивно најпродуктивниот дел од денот. Станете порано и започнете со извршување на Вашите секојдневни обврски. Ќе ги заврпите порано и ќе имате слободно време само за Вас.

Спијте повеќе…

…но на паметен начин. Ако поголемиот дел од ноќта се вртите во креветот, сигурно лошото расположение и мамурлук се логична последица наутро. Според најновите истражувања од 2019 година, луѓето кои стануваат порано имаат тенденција да спијат подобро, и со самото тоа спијат поправилно од другите луѓе. Не заборавајте, потребни Ви се најмалку 7 часа непрекинат сон. Ова, исто така, подразбира прецизно време на станување и одење во кревет. Само бидете упорни за да ја подобрите и унапредите Вашата рутина.