ШТО Е СПОРТСКА КАНЦЕЛАРИЈА?

Соблечете ги официјалните чевли, облечете патики и вклучете се во националната кампања “Спортска канцеларија”.

Ги повикуваме сите компании да се вклучат во иницијативата да прогласат ден на “Спортска канцеларија” и заедно со сите вработени да посветат еден ден за спорт и забава. Настанот ќе се оддржи во Петок 20.05.2012.

ЗОШТО ДА СЕ ВКЛУЧИТЕ ВО ИНИЦИЈАТИВАТА?

Целта е да го насочиме вниманието кон превенција и надминување на последиците врз здравјето од недостаток на физичка активност. Се надеваме дека со оваа кампања ќе ги инспирираме сите вработени да најдат време и желба да спортуваат и да бидат активни преку целата година.

Официјален хаштаг на настанот ќе биде #SportskaKancelarija