Познато е дека не постои здравје без физичка активност, но на повеќето луѓе не им е лесно да го одберат спортот кој најмногу им одговара и допаѓа. Сепак, постои спорт кој им одговара на сите, без разлика на возраста, физичката спремност и телесната тежина. Тоа е, се разбира, пливањето.

Пливањето спаѓа во еден од најтешките спортови, но и во најздравите за развој на човечкото тело.

Пливањето е активност која има безброј позитивни ефекти врз здравјето на човекот. Еден од тие е зајакнување на сите мускули на телото. Пливањето исто така го зајакнува кардиоваскуларниот систем, го регулира крвниот притисок, го продлабочува дишењето и го зголемува капацитетот на белите дробови. Покрај тоа, позитивно влијае на зглобовите и ја зголемува нивната мобилност и еластичност.

Пливањето е одлично и за релаксација. Рекреативното пливање Ве опушта, ја смалува анкциозноста и нивото на стрес кое го чуствувате во тој момент.

Сакате да потрошите калории? Пливањето може да Ви помогне. Доколку пливате 60 минути слободен стил можете да согорите од 500 до 700 калории, или пак околу 800 калории доколку пливате 60 минути пеперутка стил. Доколку немате здравствени проблеми, најдобро е да ги комбинирате сите стилови на пливање, бидејќи така ќе постигнете најдобар ефект и подеднакво ќе ги развиете сите мускули на телото.

За луѓето кои имаат прекумерна тежина, не постои подобар спорт од пливањето. Зглобовите немаат никаков товар а во исто време трошите двојно повеќе калории отколку кога пешачите.

Пливањето е одлично и за децата. Пливањето овозможува правилен раст и развој и ги ублажува или потполно ги елиминира помалите деформитети на телото уште од најмалата возраст.

Можностите за повреда се минимални, а придобивките максимални.

Заради се ова, скоро и да не постои сегмент од човечкото тело и дух на кој пливањето нема позитивен ефект.

Проверете ТУКА кои базени можете да ги посетите со Вашата Sportmaster претплата и право на пливање!