Менталното здравје на работното место игра сè повеќе важна улога во денешницата. Многу надворешни фактори и промени на работното место, може да предизвикаат вработените да се чувствуваат вознемирени и под дополнителен притисок.

Зошто компаниите треба да се фокусираат се повеќе на менталното здравје на вработените и кои фактори влијаат на благосостојбата на нивната работната сила.

Со овие совети, компаниите ќе обезбедат поздрава и повеќе задоволна работна сила.


Има многу фактори кои влијаат на менталното здравје. Но, различни студии силно докажале дека денешниот работен свет влијае на менталното здравје – и позитивно и негативно. Незадоволителна работна средина може да доведе до тежок стрес. Традиционални фактори кои влијаат на менталната благосостојба на работното место меѓу другото се и надредените, работната атмосфера и односот со колегите и супервизорите. Сопствениот став е исто така клучен. Секако и надворешните фактори можат да влијаат на благосостојбата на работното место.

Зошто ментално здравје е толку важно на работното место?

Најпрво треба да се осврнеме на прашањето зошто работодавачите треба да се грижат за менталното здравје на нивните вработени на прво место. Дали менталното здравје е „приватна работа“? Јасниот одговор на ова е: Не. И тоа од неколку причини:

Менталните болести често се поврзани со работата.

Секојдневната работа и несоодветните работни услови, често се тесно поврзани со менталната состојба на една личност. Интензивирање на обемот на работа, несигурен работен однос, лоша работна атмосфера, можат да предизвикаат големо оптоварување на психата на вработените. Бидејќи на вработените обично им треба работата за да ја финансираат својата егзистенција, многумина се гледаат себеси заробени во ситуацијата и многу лесно ја прифаќаат состојбата во која се наоѓаат.

Менталните проблеми доведуваат до високи трошоци

Секојдневниот стрес како резултат на психолошкиот напор е огромен предизвик за нашиот здравствен систем.

Според проценките околу 50 милиони луѓе во Европската унија се погодени од депресија, исцрпеност, и зависност. Ова води до високи трошоци. Не само за третман на акутни заболувања, но и преку економска загуба поради намалена продуктивност на работното место или високи стапки на отсуство од работа. Според анализата на здравството, стапката на отсуства поради менталната болест никогаш не била толку висока како во 2020 година – годината кога Корона вирусот не зафати. Затоа, мерките за превенција прават суштински придонес за успехот на една компанија.

Што можат компаниите да направат за да го одржат или подобрат менталното здравје на нивните вработени?

Совети за подобрување на менталното здравје на работното место

Отворено разговарајте за менталното здравје на работното место. Иако многу компании се свесни колку менталното здравје на вработените е важно, често постои недостаток на соодветни иницијативи. Мали мерки имаат одлични ефекти за намалување на стресот. Првиот чекор треба да биде отворено разговарање на темата менталнo здравје.

Менталното здравје не е табу тема

Потсетете ги Вашите вработени дека секогаш можат да им се обратат на нивните супервизори или на некој од тимот “Човечки ресурси” за нивните проблеми, недоумици, пашања или совет. Поддршка и превенција може да се обезбеди само ако работодавците се свесни за какви било тешкотии.

Понудете семинари и работилници за управување со стресот

За проактивно да се спречи менталниот стрес, исто така е препорачливо да се понудат семинари или работилници за управување со стресот.

Понудете спортска програма

Спортот е еден од најдобрите начини за ослободување од стресот, и научно докажан “лек” за подобро ментално здравје. Здравите, активни и смирени вработени се основата на секоја успешна компанија. Sportmaster е премиум програма за спорт и рекреација со која што сите вработени може да посетуваат различни спортски објекти на различни места и во различно време.

Оформете мини клуб или заедница

Друга можност за значително зголемување на чувството на припаѓање е преку клуб или заедница, составена од колеги со слични интереси. Состаноците може да се одржуваат онлајн или офлајн, и да доведат до голема кохезија помеѓу членовите. Со ова не само што се зголемува задоволството на вработените, но и лојалноста на вработените кон компанијата.

Овозможете здрава рамнотежа помеѓу работата и животот

Многу компании рекламираат рамнотежа помеѓу работата и животот кон надворешниот свет. Ако ова навистина се спроведе во пракса, тоа е добар начин за одржување на менталното здравје на работното место. Меѓутоа, во реалноста, работите често изгледаат поинаку во работниот свет – притисокот за рокот, нереални цели или долги работни денови го оптоваруваат менталното здравје на многу професионалци. Ова исто така ја намалува атрактивноста на работодавачите. Значи за да се смета за атрактивен работодавач и намалување на стресот, соодветна иницијатива во работниот живот треба да се земе фактор на рамнотежа.

Погрижете се да се прават редовни паузи

Едноставен, но ефикасен начин за создавање рамнотежа и намалување на стресот, се паузи во текот на денот. Ова можеби звучи тривијално, но 15 минутни паузи во текот на работниот ден се сериозно важни.

Тим билдинг

Месечен тимски настан, спортски предизвик или заедничка работна акција носат со себе многу бенефиции. Вработените се зближуваат, работната атмосфера се подобрува, тимскиот дух се раѓа, стресот се сведува на минимум.

Направете паузи за медитација

Сепак, спортот не е единствениот начин за постигнување рамнотежа. Медитацијата исто така ја докажа својата вредност во последниве години како начин за конкретно исклучување и полнење на Вашите батерии. Затоа, дајте му можност на Вашиот тим да се опуши и да го намалат стресот, дури и за време на работен ден.

Понудете сигурност на работното место за Вашите вработени

Обезбеден траен договор за вработување е од огромна важност за благосостојба на вработените во една компанија. Впрочем, постојаната неизвесност за тоа дали ќе се продолжи нивниот договорот, или дали вработените можеби ќе треба да бараат нова работа создава егзистенцијални грижи. Колку што е можно, компаниите треба да одобрат безбедност на работното место и да го соопштат тоа категорично – дури и во несигурни или променливи времиња.

Активирајте се и поддржете го менталното здравје долгорочно!

Сумирано, менталното здравје на работното место е поважно од кога било во денешното стресно секојдневие. Мали мерки, бенефиции и промени во работната средина можат да имаат голем ефект.

Контактирајте нè уште денес и направете го првиот чекор кон физички и психички поздрава работна средина.