Потребни состојки:

100гр овесни снегулки
30гр бадеми
30гр лешници
2 лажици лен
2 лажици семки од сончоглед
2 лажици мед
4 лажици кокосово масло
½ лажичка цимет
За декорација:
1 чаша боровинки и јагоди
2 лажици путер од кикирики
2 лажици грчки јогурт
1 лажица мед
Подготовка:
Во блендер ставете ги овесните снегулки, бадемите и лешници и изблендирајте ги но не премногу.
Потоа додадете ги сите други состојки за гранолата и измешајте. Ставете сè во плех, на хартија за печење и печете на 160 степени 20-25 минути (мешајте ја смесата на секои 5 минути).
Печената гранола оставете ја да се излади. Кога ќе се излади ставете ја во здела, ставете го путерот од кикирики и добро измешајте. На крајот ставете го овошјето и грчкиот јогурт и прелијте сè со една лажица мед.