Сте слушнале ли некогаш за вежбата “фармерско одење” ?

Оваа вежба е одлична за Вашиот грб.

Се обидувате да ги зголемите мускулите на Вашиот грб? Знаеме, ова не е толку лесна задача. Потребно е многу време за овие мускули правилно да се развијат и со тоа и да се зголемат. Затоа решивме да Ви претставиме вежба која ќе Ви овозможи одличен тренинг за да ја постигнете Вашата цел.

фармерско одење

Оваа вежба популарно се нарекува “фармерско одење” и се прави на следниов начин.

Земете тегови во двете раце на кои ќе ставите малку повеќе тежина. Сè што треба да направите сега се што поголеми и побавни чекори. Одете така сè додека тегови не почнат да Ви паѓаат од раце. Колку е поголема тежината, толку вежбата ќе биде поефикасна.

За купени 2 маици, една добивате ГРАТИС

Оваа вежба е идеална за крај на тренингот кога сте веќе уморни и исцрпени, а сакате дополнително да ги извежбате Вашите трапезоидни мускули.

фармерско одење

Слободно користете малку повеќе тежина, бидејќи оваа вежба не бара подигање или влечење, туку само носење на тежината, што ќе Ви овозможи и да ја зголемите вкупната сила и издржливоста на телото.

Како и секоја вежба, така и оваа бара време и упорност. Не се отажувајте!

Една претплата, различен спорт секој ден