Потребни состојки:

tiramisu recept

200гр бисквити/пишкоти без шеќер

120мл сварено кафе

250гр сирење рикота

300гр грчки јогурт

50гр какао во прав

5 лажици агаве сируп

1 лажичка екстракт од ванила

3 јајца

Подготовка:

Одделете ги жолчките од белките. Изматете ги белките додека не добиете цврста смеса.

Во друг сад измешајте ги жолчките со сирупот од агаве и екстрактот од ванила, а потоа додадете ја рикотата и грчкиот јогурт.

Во смесата со жолчки додадете ги изматените белки и нежно со шпатула измешајте ги, додека смесата не се соедини.

Натопете ги бисквитите во разладеното кафето и наредете ги во чинија за сервирање, па додадете слој од направениот крем, па повторно бисквити и слој крем.

Одозгора посипете какао во прав. Ставете го колачот во фрижидер да се излади, најмалку 1 час.

ВАШИОТ ПАТ ДО ЗДРАВА КОМПАНИЈА