1. Ти си …

Јас сум атлетичарка, македонски репрезентативец, рекордер и студент по Кинески јазик во Пекинг. 

2. Слушнавме дека си државен шампион во атлетика, може ли подетално околу тоа?

mateja efremovska atletika

Тренирам веќе 12 години атлетика и може да се каже дека имам освоено многу државни титули. Jaс сум младински и сениорски рекордер во фрлање диск, и младински рекордер во трискок. Покрај тоа низ сите овие години ја имам  претставувано македонската репрезентација на многубројни меѓународни, балкански првенства. 

3. Колку често вежбаш ти како професионалец, а колку е доволно за еден аматер?

Јас вежбам 6 дена во неделата, по 2 пати на ден, вкупно околу 4 – 5 часа дневно. Другите може да вежбаат во зависност од тоа каква цел и амбиција имаат, но според мене три пати неделно е некој минимум. 

4. Како да се мотивираме да вежбаме?

Мотивацијата е остварување на целта што ја имаме, мотивацијата е внатре во нас, надворешните фактори не можат толку да влијаат врз нас.

5. Теретана или пилатес и како до рамен стомак?

Според мене најдобра комбинација е теретана , пилатес и трчање. За рамен стомак е потребен здрав начин на исхрана и континуирано вежбање. 

6. Што мислиш за ригорозните диети и исхрана полна со рестрикции?

Мислам дека целта е во создавање здрави навики, добро избалансирана исхрана и рамнотежа на организмот, без краткорочни диети и брзи ефекти. Лично јас се трудам секојдневно со правилен избор на храна да му обезбедам на своето тело оптимални количини на витамини, минерали, белковини, јагленхидрати и масти.

7. Здрава исхрана без физичка активност? Што мислиш за тоа?

Мислам дека физичката активност е неопходна,  здравата исхрана се надополнува со физичката активност и обратно.

marija efremovska atletika 2

8. “Во здраво тело, здрав дух” дали е навистина така?

Потполно се согласувам! Вежбањето и здравата исхрана ме прават подобро да се чуствувам и да сум попродуктивна и способна за секојдневните физички и интелектуални предизвици. 

9. Дали според тебе постои формула за долг и здрав живот?

Според мене стресот е предизвикувач на сите болести, а за намалување на стресот помага физичката активност, која покрај менталната активност, исполнет социјален живот и здрави навики во исхраната е гарант за долг и здрав живот.

10. Одјави се на кинески …

谢谢您的采访,希望对大家会有帮助。再会 !

Време е за потење! Нарачај ги твоите омилени дизајни.