На 17ти Декември 2022 со почеток во 12 часот организираме тимски натпревар во малата сала во “Борис Трајковски”. Во натпреварот може да земат учество 16 тима по 4 лица (2 x Mажи и 2 х жени) кои ќе се натпреваруваат на специјално изработена патека во омбинација од неколку спортови.
Дали сте подговени за забавен тимски предизвик?
Во презентацијата се објаснети сите детали за натпреварот.
Натпреварот беше комбинација од неколку лесни спорски елементи (брзина, прецизност, снаоѓање). Патеката имаше препреки кои што тимовите ги поминуваа во најбрзо можно време во комбинација од неколку спортови.