Sportmaster е картичка која Ви овозможува пристап до најразлични спортски објекти низ целата држава, секој ден. Со Sportmaster картичката имате пристап до најдобрите теретани, базени, фитнес центри, студија за танц како и други физички активности. Sportmaster картичката исто така Ви овозможува разни попусти на премиум услугите како масажи, велнес програми, а и многубројни попусти на спортска опрема и суплементи, попусти во ресторани за здрава храна и слични придобивки кои ќе Ви го олеснат водењето на здрав живот.
Sportmaster картичката претставува одличен начин на инвестирање во своите вработени и прилика за зајакнување на лојалноста на вработените спрема комапнијата. Преку спортотувањето се покачува физичката кондиција а со тоа и продуктивноста на вработените во Вашата компанија.
Зголемената продуктивност на вработените и здравиот начин на живеење индиректно влијае врз зголемување на работниот приход.
Подобрата здраствена состојба на вработените ќе придонесе за помалку изостанувања од работа.
Се зголемува атрактивноста на компанијата, а со тоа се привлекуваат нови вработувања.
Наместо Вашите вработени да плаќаат повеќе месечни членарини за различни спортови ние Ви даваме можност со една картичка по цена од стандардна месечна членарина, тие да посетуваат различни спортови и активности, во време и место кои нив најмногу им одговара. Дополнителни предности на корисниците на Sportmaster картичките се големите попусти и промоции на премиум активностите и услугите како што се масажи, персонални тренинзи, спортска опрема и суплемени и слично.
Ние работиме со најдобрите спортски објекти низ цела Македонија. Нашиот тим работи напорно за да ги избере најдобрите и најквалитетните спортски сали, базени, фитнес центри, тениски терени и други спортски објекти. Целосната листа на спортски објекти со кои соработуваме можете да ја најдете на www.sportmaster.mk/locations
Работиме со сите компании, без разлика на нивната големина.
Големи, средни и мали компании се наши партнери. Ако сте менаџер за човечки ресурси и размислувате како да ги мотивирате Вашите вработени, тогаш сте на вистинското место. Контактирајте не и дознајте повеќе за спортските придобивки. Ако сте вработен, а Вашиот работодавец сеуште не е наш партнер,можете да не препорачате на Вашиот менаџер за човечки ресурси. Ние ќе ги контактираме во најскор можен рок за сите детали како компанијата во која работите да стане наш партнер.
Картичката можете да ја користите во сите спортски објекти со кои соработуваме. Ние нудиме различни активности, а Вие испробајте ги сите! Проверете ја целата листа на спортски објекти на страната www.sportmaster.mk/locations
Веднаш штом ќе ја добиете Вашата Sportmaster картичка од Вашиот работодавец можете да почнете да користите некоја од спортските активности од нашата листа. Единствено што треба да направите, е да ја спакувате Вашата торба за вежбање, да изберете активност кој Ви се допаѓа и да одите во сала. На влезот ја покажувате Вашата Sportmaster картичка и почнувате со вежбање.
Во случај на губење или кражба на Вашата Sportmaster картичка потребно е веднаш да пријавите на [email protected] или на телефонскиот број 02/6091010, а ние во најкус можен рок ќе Ви изработиме нова персонализирана картичка.
Sportmaster картичката можете да ја користите еднаш дневно, секој ден. Тоа значи дека месечно може да вежбате 30/31 ден, секој ден, различен спорт, на различна локација или пополнете го барањето за додавање нов спортски објект на: www.sportmaster.mk/partners.
Можете да не контактирате во секое време. Нашиот тим ќе провери дали препорачаниот спортски објект ги исполнува нашите барања и стандарди. Доколку ги исполнува, ќе се потрудиме во најскор можен рок да станат наши партнери.
Секако. Доколку сакате да имате Sportmaster картичка, слободно можете да не препорачате на Вашиот менаџер за човечки ресурси или сопственик на Вашата компанија. Ние веднаш ќе ги исконтактираме и ќе им ги презентираме сите детали за Sportmaster програмата.
Ве молиме контактирајте не за да ја разгледаме таа можност.
Треба само да ја земете Вашата персонализирана Sportmaster картичка и документ за идентификација заедно со многу енергија и спортски дух.
Sportmaster картичката Ви овозможува да посетите еден час на ден.
Тоа значи дека секој ден можете да одите на различна активност.
Денес вежбајте пилатес, утре одете на пливање, а за викенд играјте тенис со Вашите колеги. Ние нудиме повеќе од 30 различни спортски активности, на повеќе различни локации. Вие можете да ги пробате
сите.
Sportmaster картичката можете да почнете да ја користите веднаш штом ја добиете од Вашиот работодавец. Спакувајте си ја спортската опрема и право во сала! Проверете го најблискиот спортски објект тука.
За голем број од активностите кои се наоѓаат во нашата мрежа не е потребна предходна најава, но постојат и активности за кој е потребна предходна најава. За подетални информации одберете го посакуваниот спортски објекти, и во описот прочитајте дали е потребна предходна најава.
Сите објекти од нашата мрежа се без доплата.
Цената зависи од повеќе фактори. Најзначајни се бројот на луѓе кои се пријавиле за Sportmaster програмата и начинот на финансирање. За повеќе детали околу цените контактирајте не веднаш. Нашиот тим ќе Ви ги објасни детално сите информации и ќе Ви одговори на сите Ваши прашања.
Здравите вработени значат подобри вработени. Истражувањата покажуваат дека спортот им помага на луѓето да бидат попродуктивни и повеќе мотивирани во работата, а исто така ја намалува стапката на болести, што значи помалку отсуства и боледувања во Вашата компанија. Sportmaster програмата ќе Ви помогне да изградите здрав и мотивиран тим.
Сите знаеме колку здравиот начин на живот е важен. Ако сакате Вашите вработени да бидат здрави и во добра форма, тогаш ние ќе Ви помогнеме. Контактирајте не, и ние ќе организираме “спортски ден” во Вашата компанија. Вашите вработени ќе добијат детални информации за Sportmaster програмата, ќе слушнат интересни факти за спортот и здравиот начин на живот и ќе го засакаат спортот.
Најчести начини на финансирање се:
Со Sportmaster картичката им овозможувате на Вашите вработени да изберат спортски активности какви што сакаат, да си направат месечна комбинација на спортови на различни локации и во време кое нив најмногу им одговара.
Постојат повеќе услови, но еден од најважните е Вашата професионалност и квалитетот на услугите кои ги нудите во Вашиот спортски објект. За подетални информации и услови како да станете наш партнер, контактирајте не тука
Да. Потребен е потпишан Договор од двете страни.
Сите услови за користење и услови за плаќање ќе можете да ги прочитате во Договорот кој ќе Ви го дадеме на разгледување.