Често поставувани прашања


Како можам да купам Sportmaster месечна членарина?

Потребно е да регистрирате кориснички профил тука со пополнување на потребните информации, да одберете посакуван пакет и да извршите уплата.

Како да извршам уплата?

Уплатите се извршуваат online преку Вашиот профил на нашата веб страна или Sportmaster апликација. Во Вашиот профил, во полето ”Уплати” можете да одберете пакет, како и да ги погледнете сите предходни уплати.

Како да ја активирам мојата Sportmaster членарина?

Веднаш штом ќе извршите уплата за посакуваниот пакет, Вашата претплата ќе биде активирана, а Вие веднаш ќе можете да посетите спортски објект.

Како да се најавам на Sportmaster апликацијата?

Sportmaster апликацијата е Вашата дигитална картичка. Од кога ќе го креирате Вашиот профил на нашата веб страна, се најавувате на апликацијата со Вашиот e-mail и лозинка.

Кои се условите за користење на Sportmaster апликацијата?

За успешно користење на Sportmaster апликацијата потребно е да имате креирано кориснички профил на нашата веб страна, да поседувате паметен телефон со понов оперативен систем, да ја имате последната ажурирана верзија на апликацијата, да имате функционална камера и да Ви биде вклучена локацијата на телефонот при користење на апликацијата.

Дали можам да посетувам спортски објекти со Sportmaster апликацијата?

Да, секој од спортските објекти во нашата мрежа од сега на влезот има Sportmaster QR-код. Потребно е да го скенирате QR-кодот со помош на Sportmaster апликацијата и да добиете порака за успешно евидентирање, а потоа е потребно да ја покажете пораката на вработените во објектот.

Колку време трае мојата Sportmaster претплата?

Пакетите Basic и Premium важат 30/31 ден од денот на уплатата или избраниот ден за почеток на важност. Пакетот Trial важи од денот на уплатата до крајот на тековниот месец.

Дали можам да извршам уплата за повеќе месеци?

Да, можете да одберете за колку месеци сакате да извршите уплата.

Дали можам да направам пауза помеѓу две претплати?

Да, доколку не извршите уплата Вашата претплата ќе биде паузирана.

Дали мојата претплата може да ја користи некој друг?

Не. Вашата претплата важи само за Вас и не може да се пренесе на друго лице.

При креирање на кориснички профил добивам информација дека корисникот веќе постои. Што да правам?

Доколку добиете ваква порака тоа значи дека e-mail адресата веќе е во нашиот систем, односно некој корисник веќе ја искористил Вашата e-mail адреса. Доколку тоа не сте Вие, Ве молиме исконтактирајте не на [email protected] или на 02 609 10 10.

Ја заборавив мојата лозинка. Што да правам?

Кликнете на "Заборавена лозинка" и следете ги упатствата или исконтактирајте не на [email protected] или на броевите 02 609 10 10 / 075 388 895 / 071 388 880 / 070 244 818

Контакт

Доколку не го пронајдовте одговорот на Вашето прашање, Ве молиме исконтактирајте не на [email protected] или на броевите 02 609 10 10 / 075 388 895 / 071 388 880 / 070 244 818.