Ние работиме со најдобрите спортски објекти. Целосната листа на спортски објекти со кои соработуваме можете да ја погледнете тука или на Sportmaster апликацијата.
Сите спортски објекти во мрежата на Sportmaster имаат свој профил на нашата веб страна или Sportmaster апликација. Со кликнување на посакуваниот објект можете да прочитате повеќе информации како точната локација, работното време, условите и услугите кои ги нудат.
Можете да користите повеќе од 30 различни активности. Одберете активност и пронајдете објект во Ваша близина што ја има посакуваната активност во својата понуда.
Повеќето активности од нашиот систем се бесплатни. Сите информации околу доплатите (доколку постојат) можете да ги најдете во профилот на посакуваниот спортски објект.
Sportmaster претплатата можете да ја користите еднаш дневно, секој ден. Тоа значи дека месечно може да вежбате 30/31 ден.
Да, затоа што со Вашата Sportmaster претплата, не се одлучувате за една активност или еден објект, туку за сите активности и објекти од нашата партнерска мрежа. Со Вашата Sportmaster претплата можете да посетувате еден или повеќе различни спортски објекти во текот на еден месец.
Вашиот предлог можете да го испратите тука. Нашиот тим ќе провери дали препорачаниот спортски објект ги исполнува нашите барања и стандарди. Доколку ги исполнува, ќе се потрудиме во најскор можен рок да станат наши партнери.
Доколку не го пронајдовте одговорот на Вашето прашање, Ве молиме исконтактирајте не на [email protected] или на броевите 02 609 10 10 / 075 388 895 / 071 388 880 / 070 244 818.