Често поставувани прашања


Како можам да ја преземам Sportmaster апликацијата?

Sportmaster апликацијата можете да ја преземете преку App Store и Google Play Store со пребарување на „Sportmaster“.

Кои се условите за користење на Sportmaster апликацијата?

За успешно користење на Sportmaster апликацијата потребно е да имате креирано кориснички профил на нашата веб страна, да поседувате паметен телефон со понов оперативен систем, да ја имате последната ажурирана верзија на апликацијата, да имате функционална камера и да Ви биде вклучена локацијата на телефонот при користење на апликацијата.

Дали можам да посетувам спортски објекти со Sportmaster апликацијата?

Да, секој од спортските објекти во нашата мрежа од сега на влезот има Sportmaster QR-код. Потребно е да го скенирате QR-кодот со помош на Sportmaster апликацијата и да добиете порака за успешно евидентирање, а потоа е добиената порака да ја покажете на вработените во објектот заедно со документ за лична идентификација.

Дали можам да користам и картичка и апликација истовремено?

Не. При првото користење на апликацијата во некој спортски објект, Вашата Sportmaster картичка станува невалидна.

Дали можам на два или повеќе паметни телефони да бидам пријавен на Sportmaster апликацијата?

Не, при првото пријавување со Вашите податоци на еден паметен телефон, нашиот систем го запомнува Вашиот уред. Доколку со истите податоци се пријавите на друг уред, Вашата претплата ќе биде блокирана. Ве молиме доколку сакате да направите промена на уредот исконтактирајте не на [email protected] или на броевите 02 609 10 10 / 075 388 895.

Дали е потребно да ја носам и Sportmaster картичката со мене при посета на некој спортски објект?

Не. Од сега доволно е да ја имате Sportmaster апликацијата со која ќе можете да ги посетувати сите спортски објекти од нашата партнерска мрежа.

Не можам да се најавам на Sportmaster апликацијата. Што да правам?

Проверете дали правилно ја внесувате Вашата маил адреса и лозинка. Доколку не успеете да се најавите можете да не исконтактирате на [email protected] или на броевите 02 609 10 10 / 075 388 895 / 071 388 880 / 070 244 818.

Контакт

Доколку не го пронајдовте одговорот на Вашето прашање, Ве молиме исконтактирајте не на [email protected] или на броевите 02 609 10 10 / 075 388 895 / 071 388 880 / 070 244 818.