Постојат повеќе услови, но еден од најважните е Вашата професионалност и квалитетот на услугите кои ги нудите во Вашиот спортски објект. Доколку сакате да станете наш партнер пополнете ги информациите тука или јавете се на броевите 02 609 10 10 / 075 388 895 / 071 388 880 / 070 244 818.
Начинот на плаќање, како и условите за соработка можете да ги добиете на броевите 02 609 10 10 / 075 388 895 / 071 388 880 / 070 244 818.
Целиот процес е едноставен, нашите корисници го скенираат QR-кодот кој ние ќе Ви го обезбедиме, а Вие ќе го поставите на влезот на Вашиот спортски објект. Корисниците добиваат потврда за влез во Вашиот објект. Добиената потврда заедно со документ за идентификација ја покажуваат на одговорното лице во Вашиот спортски објект. Со секое скенирање, на Вашиот профил се евидентира една посета.
Без дополнителни финансиски инвестиции, станувате дел од нашата мрежа на преку 70 премиум спортски објекти. Како наш партнер добивате нови корисници, повеќе посети во помалку посетените термини и постојана маркетинг поддршка на нашата веб страна како и на нашите канали на социјалните мрежи.