Често поставувани прашања


Колку е долга патеката?

Патеката е долга 5.8 километри. Изготвивме патека за трчање во централното градско подрачје која што ќе поминува до најважните скопски знаменитости, а притоа нема да пресекува многу улици кои што би ги успорувале спортистите и рекреативците.

Каде можам да ја видам и симнам мапата за патеката?

Дигитална мапа од патеката можете да симнете тука. Исто така, на нашиот инфо пулт во Градски Парк ќе можете да подигнете принтана мапа.

Каде и како да го пријавам мојот резултат?

На Вашиот паметен телефон симнете било која апликација за трчање (наш предлог e STRAVA), истрчајте ја патеката, направете screenshot од мапата на движење, и заедно со Вашите податоци, пополнете ја формата тука.

Дали еден учесник може да пријави повеќе резултати?

Да, доколку ја истрчате патеката со подобар резултат од веќе пријавениот, можете да пријавите уште еден резултат.

Која апликација за трчање да ја користам?

Можете да ја користите било која апликација за трчање со GPS мапа, која го мери времето и изминатите километри. Наш предлог е апликацијата “Strava”.

Дали патеката е наменета само за спортисти?

Не, патеката е наменета за сите, спортисти и рекративци. Нашата цел е да создадеме здрави навики и да Ве поттикнеме да започнете со трчање.

Дали постои ограничување за колку време треба да ја поминеме патеката?

Не постои временско ограничување. Времето зависи од Вас, од Вашата спремност и кондиција. Без разлика на резултатот ние ќе Ве наградиме.

Дали сите учесници добиваат награда?

Да, сите учесници добиваат награди (маици, книги, ваучери), а најдобрите тројца добиваат Spormaster Premium месечни пакети.

Кој е организатор на настанот?

Организатор на настанот е Sportmaster под покровителство на Град Скопје.

Кога може да ја трчаме урбаната патека?

Настанот започнува во Сабота 15.05.2021 и ќе трае до 15.07.2021.