Адреса
Христо Татарчев 69, Skopje, North Macedonia
Контакт +389 78 804 353
Опис
Сакаме Елитниот Фитнес – КросФит да биде дел од животниот стил на луѓето. Како телото ни старее се повеќе ни треба контролирана, прецизно адаптирана физичка активност која ќе го регенерира телото и ќе го оспособи да функционира не пречено. Сакаме да изградиме заедница на луѓе кои ќе ги негуваат моралните вредности и кои ќе се поддржуваат меѓусебно. Сакаме да ја изградиме самодовербат и самомотивацијата преку тренингот за снага и кондиција кој луѓето ќе ги направи неверојатно силни. Преку нашиот ДОКАЖАН програм за снага и кондиција, сакаме да им помогнеме на сите професионални спортисти да го подигнат своето ниво на Генерална Физичка Подготовка со цел да бидат подобри во нивниот спорт.
КросФитот не учи да си го запознаеме своето тело и начинот на кој ние се движиме (локомоторните вештини). Ова е многу моќна работа. Ќе си го подобрите/промените секое ниво од вашиот животен стил. Ќе ве направи да сте поздрави, а со тоа посреќни.
Ние имаме едно тело, чувајте го и одржувајте, и тоа вас ќе ве чува.
Термини за вежбање од Понеделник до Петок;
10am -11am 6pm-7pm 7pm-8pm