Со Sportmaster ќе добиете нови корисници на Вашите услуги без дополнителни расходи за маркетинг. Бидете дел од нашата иновативна програма.
Нашите корпоративни клиенти им дадоа SportMaster картички на своите вработени. Нивниот број секојдневно расте, а ние ги носиме кај Вас!
Ќе добиете Ваша страница на sportmaster.mk со Вашите детали и ќе бидете прикажани на нашата интерактивна мапа. Ќе имате контрола за сите посети, финансии и анализи.
Ние ќе го промовираме Вашиот бизнис насекаде. Веб страни, социјални медиуми, реклами, печатени материјали, настани итн.
Ние бесплатно ќе Ви обезбедиме и инсталираме специјална апликација. Клиентите ќе го ценат лесниот начин на пријавување, а едноставниот начин на фактурирање ќе го направи Вашиот живот полесен.
Може да изберете во кои термини ќе прифаќате Sportmaster корисници. На пример ако Вашиот објект е полн од 6 до 8 часот, Вие може да прифаќате Sportmaster корисници пред или после тој термин.
Од нас ќе добиете и други бенефиции за развивање на Вашиот бренд и услуги. Ние ќе ги имаме сите податоци за секој корисник кога и како ја искористил својата посета, а тие податоци Вие ќе можете да ги користите за понатамошни маркетинг активности и анализи.
Сите сопственици на картички се внесени во нашиот систем. Нивната SportMaster картичка важи еден месец и може да се обнови за наредниот.
Sportmaster обезбедува индивидуални картички со име на сопственикот и уникатен QR код отпечатен на картичката. При влегување тие ја покажуваат картичката на специјалната апликација која ќе ја добиете од нас.
Кога еднаш некој ќе ја покаже својата картичка, добивате известување дека имате една посета во одреден датум и време. Во секое време можете да видите кога и колку посети сте имале.
На почетокот на месецот, ние ќе Ви ја платиме секоја посета на Sportmaster корисник од претходниот месец.