Општи услови за користење


1. Вовед

1. Овие услови за користење ги регулираат меѓусебните односи помеѓу Вас (во понатамошниот текст “Корисник”) и Фоксиман Дооел, друштво за производство, трговија и услуги Фоксиман Дооел, со седиште на ул. Егејска Македонија бр. 19/а-9, во Куманово, со ЕДБ 4017016529600 и ЕМБС 7093071 (во понатамошниот текст “Sportmaster”)
2. Овие услови за користење ги регулираат облиците и начинот на користење на интерактивните услуги кои ги обезбедува Sportmaster.
3. Sportmaster услугите се нудат преку интернет страната www.sportmaster.mk која е во споственост на компанијата Фоксиман Дооел.
4. Sportmaster услугите се комплексни и се состојат од управување со содржини, имплементација на финансиски трансакции, организирање и посредување при продажба на услуги и обезбедување на услуги преку интернет.
5. Вашето користење на интернет страната www.sportmaster.mk подразбира дека сте во потполност запознаени со Условите за користење и дека сте согласни со нив, со Условите за продажба како и со Изјавата за заштита на поверливи податоци. Доколку не сте согласни со наведените услови Ве молиме да не ја користите оваа интернет страна.
6. Секое идно користење на оваа интернет страна, по запознавање со Условите за користење, Условите за продажба и со Изјавата за поверливост на податоци, подразбира дека Корисникот е согласен со тие услови и правила.
7. Во смисла на Условите за користење, Корисник е секој кој на било кој начин, непосредно и посредно, ги користи или ги користел услугите на оваа интернет страна и/ или Sportmaster услугите. 8. Со користење на интернет страната www.sportmaster.mk од страна на Корисникот, се смета дека Корисникот е согласен целата комуникација и интеракција која се одвива на оваа интеренет страна да биде во склад со овие Услови за користење.
9. Со Регистрација (отвoрање на кориснички профил) на www.sportmaster.mk интернет страната се смета дека Корисникот ги прочитал и прифатил Условите за користење.

2. Дефиниции

Sportmaster картичка значи персонализирана картичка со име и QR код. Секое лице може да поседува само една Sportmaster картичка на негово име.
Корисник значи лице кое поседува Sportmaster картичка на свое име.

Клиент значи компанија, правно лице, непрофитна организација, трговец поединец и слично кој купува спортски и рекреативни услуги за своите вработени.

Спортски објект значи спортски центар/фитнес клуб/тениско игралиште/базен/студио за танцување/сала за вежбање или друг сличен објект достапен за сите лица кој поседуваат Sportmaster картичка. Списокот на сите спортски објекти и информации за услугите кои можат да се користат во соодветните спортски објекти се објавуваат на www.sportmaster.mk

Активности значат сите спортски и рекреативни активности кои што корисниците може да ги користат во спортските објекти. Информација за сите услуги кои што може да бидат користени со Sportmaster картичката се објавени на страната www.sportmaster.mk/locations. Сите детали за услугите кои што може да се користат се објавени во профилот на самиот објект.

Документ за идентификација значи документ издаден од државен, општински или друг орган кој го содржи името, презимето и фотографија на корисникот на Sportmaster картичката (на пример: лична карта, пасош, возачка дозвола)

Контролор значи лице, претставник на Sportmaster овластено да изврши увид во личните документи на корисниците, начинот и редоследот на користење на услугите од страна на корисниците, и да врши интеракција помеѓу комерцијалниот партнер, клиентот и корисниците во секое време, по негов избор.

Влез значи пристап до активностите кои ги нуди Спортскиот објект, кои се наведени во Договорот, во време кое Корисникот ќе го одбере, во тек на работното време на конкретниот објект..

3. Авторски права на Фоксиман Дооел

1. Сите материјали кои се наоѓаат на www.sportmaster.mk интернет страната се во споственост на Фоксиман Дооел.
2. Фоксиман Дооел исто така е носител на авторските права и правото на индустриска сопственост на целата концептуална Sportmaster содржина, како и содржината на www.sportmaster.mk интернет страната.
3. Забранета е било каква дистрибуција, копирање, пренос, поврзување, објавување или на било кој начин менување на www.sportmaster.mk интернет страната без писмено одобрување од Фоксиман Дооел.
4. Секое кршење на забраните од подчленот 3 може да има за последица повреда на авторското право.
5. Корисникот не смее да менува, објавува, пренесува, учествува во пренос и продажба или на било кој друг начин ги искористува содржините на www.sportmaster.mk интернет страната, во целост или делумно. Исто така не е дозволено копирање, редистрибуција, издавање или комерцијално искористување на превземениот матријал.

4. Измени во Условите за користење, Условите за продажба и Изјавата за поверливост

1. Sportmaster го задржува правото во секој момент, и без предходно известување, доколку смета дека тоа е потребно, да ги укине или измени било кои од овие Услови за користење, Услови за продажба и/или Изјавата за поверливи податоци.
2. Измените од може помеѓу останатото да вклучат и воведат одредени надокнади или наплати, па на Корисникот му се препорачува повремено да ги прочита.
3. Редовното информирање на Корисникот за промените на Условите за користење, Условите за продажба и/или Изјавата за поверливост на податоци е исклучиво одговорност на самиот Корисник.
4. Во случај да дојде до промени на Условите за користење, Условите за продажба и/или Изјавата за поверливост, а Корисникот да продолжи со користење на www.sportmaster.mk интернет страната, ќе се смета дека ги прифатил измените кои се направени.
5. Секоја евентуална измена на Условите за користење, Условите за продажба и/или Изјавата за поверливост важи и за трети лица, кои не се Корисници, веднаш по објавувањето на интернет страната www.sportmaster.mk
6. Секое користење на www.sportmaster.mk интеренет страната од страна на Корисникот после последните промени на Условите за користење, Условите за продажба и/или Изјавата за поверливост ќе се подразбира како прифаќање на тие промени.

5. Правила на користење на интернет страната Sportmaster

1. Обврска и должност на Корисникот е да ја користи www.sportmaster.mk интернет страната исклучиво во согласност со прописите на Република Северна Македонија како и со општите морални и етички принципи.
2. Главната цел на користење на www.sportmaster.mk интернет страната е користење на Sportmaster услугите, а потоа и следење на развојот на Sportmaster програмата, размена на искуства во врска со користење на услугите, како и размена на искуства со другите Корисници на картички доколку www.sportmaster.mk интернет страната го има тоа овозможено.
3. Корисникот може од интернет страната www.sportmaster.mk да превзема, пополнува и сочувува материјали кои се во сопственост на Фоксиман Дооел, само за сопствени и лични употреби.
4. Фоксиман Дооел го задржува дискреционото право самостојно да процени дали се случило прекршување на обврските предвидени со Условите за користење и Условите за продажба од страна на Корисникот.

6. Содржина и Услови за продажба на Sportmaster услугите

1. Sportmaster услугите се комплексни и се состојат од управување со содржини, имплементација на финансиски трансакции, организирање и посредување при продажба на услуги и обезбедување на услуги преку интернет.
2. Sportmaster услуга е услуга која ја обезбедува Фоксиман Дооел, и која се обезбедува според однапред договорени услови на www.sportmaster.mk интернет страната.
3. Sportmaster основно продава пристап до спортски и рекреативни активности, а во понудата има и други услуги/производи кои се наоѓаат на www.sportmaster.mk интернет страната.
4. Сите услуги кои се во понудата на www.sportmaster.mk интеренет страната, Фоксиман Дооел е должен да ги обезбеди во согласност со овие Услови за користење и Услови за продажба, кои важат од денот кога Корисникот ја прифаќа понудата.
5. За добивање пристап до услугите на Sportmaster корисникот мора да ја користи www.sportmaster.mk интернет страната, преку компјутерска опрема за која е одговорен самиот Корисник. Корисникот исто така е одговорен за трошоците поврзани со одржување на опремата преку која пристапува до www.sportmaster.mk интернет страната.
6. Било кој пакет со Sportmaster услуги овозможува пристап до спортски и рекреативни објекти кои се објавени како партнери за конкретниот пакет на www.sportmaster.mk интернет страната, а користењето е ограничено, во зависност кој пакет го има Корисникот одбрано.
7. Фоксиман Дооел не е сопственик на услигите/производите кои ги нуди на www.sportmaster.mk интернет страната, тие се исклучиво во сопственост на Партнерите, па така за сите проблеми и недостатоци кои можат да се случат за време на користење на конкретна услуга одговорноста во целост е на Партнерот. 8. Услов за користење на услугите на Sportmaster е отварање кориснички профил на www.sportmaster.mk интернет страната.
9. Отварање на кориснички профил на www.sportmaster.mk интернет страната се врши со пополнување на постоечката форма за отварање профил, така што во формата се внесуваат бараните податоци од Корисникот. 10. Корисникот може да биде член на Sportmaster програмата само ако фирмата во која што работи има потпишано договор со Фоксиман Дооел за користење на Sportmaster програмата.

7. Рекламација и повраток на средства

1. Корисникот кој не е задоволен од Sportmaster услугата купена преку www.sportmaster.mk интернет страната може да го оствари правото на поврат на средствата преку рекламација, само ако ја нема искористено својата Sportmaster картичка за услуга кај некои од нашите Партнери.
2. Право на повраток на средствата има секој Корисник кој својата оправдана рекламација ќе ја достави во рок од 7 дена од датумот на купување на Sportmaster услугата, по писмен пат на e-mail адресата: [email protected]

8. Изјава за доверливост, лични информации и безбедност при плаќање

1. Во членовите 6.7. и 6.8. е предвидено дека за користење на некои од пакетите кои ги нуди Sportmaster е потребно да да се отвори кориснички профил на www.sportmaster.mk интернат страната, кој се отвора со пополнување на постоечка форма каде што се внесуваат бараните податоци од корисникот, и на овој начин Фоксиман Дооел станува сопственик на тие податоци, кои Корисниците сами ги објавиле.
2. Корисниците одговараат за точноста на внесените податоци, и Фоксиман Дооел не е должен поединечно да ги проверува, но доколку за време на користење на некоја Sportmaster услуга, Фоксиман Дооел открие, лично или преку Партнерот дека податоците се неточни, овластен е да го раскине договорот за користење на услугите на Sportmaster, да го избрише корисничкиот профил со лажни податоци и за тоа да ги извести сите Партнери.
3. Доколку клиентот сака да добие информации или копија од неговите лични податоци кои Sportmaster ги складира и обработува, треба да испрати писмено барање до Sportmaster на следната е-маил адреса: [email protected]
4. Податоците кои ги превзема Фоскиман Дооел се лични податоци на Корисникот и општи информации, а Фоскиман Дооел е овластен да ги користи тие информации во склоп на Sportmaster програмата, заради подобрување на услугите, за статистички цели и за други слични цели кои се користат исклучиво во Фоскиман Дооел.
5. Sportmaster има за цел да го го доведе собирањето на лични податоци до минимум. Без пристап до минималните лични податоци, Sportmaster не може да ги понуди услугите на потенцијалните клиенти на www.sportmaster.mk интернет страната.
6. Интернет страната www.sportmaster.mk и Фоскиман Дооел како давател на услуги вложуваат максимални напори да ја заштитат приватноста на Корисникот и неговите лични податоци и информации од општ карактер.
7. Лични информации се информации кои се специфични за еден Корисник. Поради овозможување на Sportmaster услуга преку www.sportmaster.mk интернет страната, од Корисникот се бара да во соодветната интернет форма ги внесе своите лични податоци за потребите на користење на некоја одредена опција.
8. Личните информации како што се име и презиме, email адреса, датум на раѓање и телефонски број се неопходни за функционирање на програмата.
9. Доколку и плаќањето на некоја услуга или производ се врши преку www.sportmaster.mk интернет страната, од Корисникот се бараат информации за неговата платежна картичка, како што се бројот на платежната картичка, датум на важност, код за авторизација и други информации доколку е тоа потребно.
10. Во зависност од услугата која некој Корисник сака да ја користи на www.sportmaster.mk интернет страната, некои информации се наведени како задолжителни, а некои како доброволни. Доколку Корисникот не сака или не може да ги пополни информациите кои се наведени како задолжителни, нема да му биде дозволено користењето на конкретната услуга преку www.sportmaster.mk интернет страната.
11. Кога Корисникот плаќа со платежна картичка, тој ги внесува податоците кои се задолжителни. Внесените податоци се сметаат за поверливи и посебно заштитени.
12. Поверливите информации од платежната картичка се пренесуваат по пат на јавна мрежа, во заштитена (шифрирана) форма користејќи SSL (Secure Socket Layer) протокол и PKI систем. Безбедноста на податоците од платежните картички на Корисниците при купување ја гарантира процесорот за платежни картички CaSys, па така целосната постапка за наплата се врши на интернет страните на банката.
13. Корисникот се согласува дека сите интерактивни опции, а посебно комуникацијата преку приватни пораки, четови, блогови, форуми или други слични методи на праќање на пораки или меѓусебно комуницирање, немаат статус на поверливи информации, па затоа Фоксиман може да ги надгледува наведените содржини без знаење и посебно одобрување на Корисникот.
14. Бидејќи Фоксиман не ја контролира или одобрува содржината на пораките или информациите што можат да се најдат на www.sportmaster.mk интернет страната, Фоксиман Дооел не е и не може да биде одговорен за активностите кои ги превзема Корисникот во било кој дел на www.sportmaster.mk интернет страната, како и за содржините кои Корисникот може да ги постави на истата.
15. По отварање на кориснички профил на www.sportmaster.mk интернет страната, Корисникот од Фоксиман Дооел е согласен да добива е-mail и SMS пораки, и тоа административни и промотивни е-маил и SMS пораки.
16. Оваа Изјава за поверливост на податоци се однесува на поверливост на податоците кои Корисникот ги употребува за користење на www.sportmaster.mk интернет страната, а се собираат и архивираат во базата на Фоскиман Дооел.
17. Фоксиман Дооел го задржува дискреционото право да го измени текстот на оваа Изјава, а измените стапуваат на сила кога ќе бидат објавени на www.sportmaster.mk интернет страната.
18. Со продолжување на користењето на www.sportmaster.mk интернет страната, по измените на Изјавата, имплицира дека Корисникот ги прифатил направените измени.
19. На Корисникот му се препорачува периодично детално читање на Условите за користење, Условите за продажба и Изјавата за поверливост, за да биде информиран за евентуалните промени.

9. Малолетни корисници

1. Самостојно користење на www.sportmaster.mk интернет страната од страна на лица помлади од 14 години е забрането и тие можат да ја користат страната само под контрола на родител или старател.
2. Лица помлади од 14 години можат да имаат своја Sportmaster картичка, само доколку таа услуга е договорена помеѓу Sportmaster и Клиентот.
3. На лица помлади од 14 години им е дозволен влез во објект на Партнерите, со тоа што за време на користење на услугата родителот или старателот мора да биде присутен во објектот.
4. Лица постари од 15 години, а помлади од 18 години можат да имаат своја Sportmaster картичка, само доколку таа услуга е договорена помеѓу Sportmaster и Клиентот.
5. Лицата постари од 15 години, а помлади од 18 години можат да користат Sportmaster услуги и самостојно да посетуваат објекти од Партнерската мрежа без придружба.

10. Ограничена одговорност на Фоксиман Дооел

1. Корисникот ја разбира и е согласен со www.sportmaster.mk интернет страната и нејзината содржина, и истата ја користи исклучиво на своја лична одговорност.
2. Корисникот е запознаен и согласен со фактот дека при користење на интернет понекогаш може да дојде до технички проблеми, а со тоа и до прекин на услугите на www.sportmaster.mk интернет страната. Таквите и слични случаи се надвор од контрола од страна на Фоксиман Дооел, па затоа Фоксиман Дооел не може да биде одговорен за било каква загуба на податоците или некој друг случај до кој може да се дојде за време на користење на www.sportmaster.mk интернет страната.
3. Корисникот е согласен дека понекогаш пристапот до www.sportmaster.mk интернет страната може да биде во прекин или привремено недостапен, од причина редовно одржување на страната, како и други причини за кои Фоксиман Дооел не сноси одговорност.
4. Фоксиман Дооел во ниеден случај не е одговорна за било каква штета која се јавува како последица од користење на интернет страната, или заради неможноста за користење на www.sportmaster.mk интернет страната делумно или во целост.
5. Фоксиман Дооел не гарантира на ниеден начин дека употребата на www.sportmaster.mk интернет страната нема да биде прекината, или дека нема да има потешкотии при работењето. Фоксиман Дооел не е, и не може да биде одговорен за последиците кои може да произлезат од користење на оваа интернет страна, како и за точноста, веродостојноста и содржината на било која информација, услуга или производ објавен на www.sportmaster.mk интернет страната.
6. Фоксиман Дооел не е одговорен за било какви оштетувања на опремата, хардверот или софтверот на Корисникот, кои можат да произлезат како последица од користење на www.sportmaster.mk интернет страната.
7. Оваа изјава за одговорности се однесува на било какви штети или можни повреди предизвикани од било каква грешка, бришење, прекин, компјутерски вирус, дефект, доцнење во преносот на информации, прекин во комуникациската линија, кражба, раскинување на договорот, уништување или неовластен пристап, промена или злоупотреба во содржините, несоодветно однесување, небрижност или било кое друго дејство.
8. Поради природата на интернет мрежата Фоксиман Дооел не може да гарантира потполна заштита на било кои информации на www.sportmaster.mk интернет страната, па со тоа не може да биде одговорен за било какви штетни активности од страна на трети лица.
9. Информациите кои Корисникот ги објави на јавните делови од www.sportmaster.mk интернет страната, можат да бидат достапни за другите Корисници и за трети лица, и како такви, информациите можат без знаење на Корисникот да се најдат на други интернет страни или web пребарувачи.
10. Корисникот се согласува дека Фоксиман не е одговорен за несоодветно или незаконско однесување на другите Корисници или трети лица а ризикот од можни оштетувања е во потполност на Корисникот.
11. Фоксиман Дооел не гарантира за точноста, потполноста или корисноста на било која содржина на www.sportmaster.mk интернет страната поставена од страна на Корисникот, трети лица или некој неовластен Корисник.
12. Фоксиман Дооел не е и не може да биде одговорен за било каква загуба или штета настаната од причина што Корисникот се ослонил на информации добиени од www.sportmaster.mk интернет страната.
13. Фоксиман Дооел експлицитно се оградува, во секоја смисла од содржината на материјалите на интернет страните на трети лица, а до кој може да се пристапи од www.sportmaster.mk интернет страната. Во случај Корисникот да пристапи до интернет страните на трети лица тоа го прави само и само на сопствена одговорност, што подразбира целосно исклучување на одговорноста на Фоксиман Дооел.
14. Фоксиман Дооел се оградува од евентуално користење на личните информации на Корисниците, од страна на други лица, на кои тие информации морале да се проследат.
15. Фоксиман Дооел не е сопственик, ниту во своја сопственост има производи/услуги кои ги промовира и продава преку www.sportmaster.mk интернет страната, па затоа не може да биде одговорен за потенцијални правни и материјални недостатоци на производите/услугите, или за било какви други проблеми кои можат да се случат за време на користење на услугата или производот.

11. Прекин на корисничкиот однос

1. Фоксиман Дооел може во секое време да го раскине корисничкиот однос со било кој од своите Корисници, и да ги избрише сите лозинки или кориснички профили. Во тој случај не престануваат да важат условите кои се однесуваат на одговорност и обврски на Корисникот.

12. Ништовност на Условите за користење, Условите за продажба и Изјавата за доверливост

1. Во случај некоја од одредбите на овие Услови за Користење, Услови за продажба и Изјавата за доверливост е ништовна или неважечка, тоа нема да влијае врз другите одредби од овие Услови за користење, Услови за продажба и Изјавата за доверливост. Во таков случај конкретната неважечка одредба, со правен основ ќе се замени за одредба која најмногу одговара на предходната.
2. Доколку било која страна не ги искористи своите права од овие Услови за користење, Услови за продажба и Изјавата за поверливост, тоа нема да се смета како одрекување или загуба на тие правa, како ни било кои други права кои се наведени.

13. Решавање на спорови

1. Сите спорови кои можат да се случат во врска со или од овие Услови за користење, Услови за продажба и Изјавата за поверливост, или во врска со или заради користење на www.sportmaster.mk интернет страната, помеѓу Фоксиман Дооел и Корисникот, Фоксиман Дооел и Корисникот ќе се обидат да ги решат по мирен пат.
2. Доколку Фоксиман и Корисникот не успеат да го решат спорот по мирен пат, за понатамошно водење на спорот ќе биде надлежен Основниот Суд Скопје 2.